
Борачите на Олимпија освоија 7 медали – 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград-Србија, а Леон Стојанов е прогласен за најдобар борач на турнирот.
Борачите на Олимпија се покажаа во добро светло на овој турнир на кој имаше учесници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Грција и Словачка.

Резултати:
Сениори
92 кг Петар Тодев – 1место
97 кг Кире Малцев – 1место
Кадети У-17
71 кг Леон Стојанов – 1место
71 кг Љупче Манев – 3место
61кг Анастасија Трајчева – 2 место
Пионерки У-15
66 кг Марија Нисева – 2 место
У-20
74 кг Теодор Саздов – 3место



