АктуелноБоксОстанато

Секоја чест! Џејк Пол ќе донира пари на Бен Аскрен за трансплантација на бели дробови, охрабрувајќи ги и другите да го сторат истото

Џејк Пол ги повика фановите да му помогнат на неговиот поранешен противник Бен Аскрен по победата над Хулио Сезар Чавез Jуниор во саботата навечер.

Аскрен, поранешната ѕвезда на УФЦ, кој Пол го нокаутира во 2021 година, моментално е хоспитализиран со тешка пневмонија и итно му е потребна трансплантација на бели дробови што ќе му го спаси животот.

Пол, по првата борба по борбата со Мајк Тајсон, лесно го победи Чавез Јуниор во Анахајм и сега се здоби со светско рангирање во полутеша категоријата кај две боксерски организации.

Во интервју по борбата, Пол, кого публиката  во голема мерка го исвирка, ги спомена Ентони Џошуа и Џервонта Дејвис како потенцијални следни противници, но атмосферата се промени кога се осврна на емотивна тема.

„Молете се за Бен Аскрен и неговото семејство. Сите треба да го поддржиме. Нека секој донира што може“, рече Пол, прекинувајќи ги исвиркувањата.

Пол веќе се осврна на здравствената состојба на Аскрен за време на отворените тренинзи пред борбата со Чавез Јуниор:

„Моите молитви се со него. Жал ми е за неговото семејство, не можам ни да замислам низ што минуваат. Се надевам дека ќе може да се опорави бидејќи животот е многу повеќе од само борба и неговата кариера. Му посакувам се најдобро и тука сум ако им треба каква било помош“.

Аскрен беше итно префрлен во болница на почетокот на јуни со пневмонија. Ветеранот во ММА беше прикован за кревет и не реагираше, според неговата сопруга Ејми, која ја информираше јавноста за неговата состојба.

ММА заедницата цврсто застана зад Аскрен во овие тешки времиња, а дури и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, минатата недела ги повика фановите да донираат за неговата борба за живот.

Според Националните институти за здравство, цената на трансплантација на бели дробови се движи од 300.000 до 400.000 долари, што е огромен финансиски товар за Аскрен, кој се пензионираше од ММА во 2019 година по два порази во три УФЦ борби.

Пол потврди по победата над Чавез Јуниор дека тој и брат му Логан ќе донираат средства за да му помогнат на Аскрен да ги покрие трошоците за операцијата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON