Џејк Пол доминираше во победата против поранешниот шампион: Секој свиреж е награда за мене

Популарниот јутјубер Џејк Пол (12-1, 7 КО) извојува уште една победа во професионалната боксерска кариера.
Ѕвездата на социјалните медиуми го победи поранешниот шампион во средна категорија на ВБЦ, Хулио Цезар Чавез Јуниор (54-7-2, 34 КО) со едногласна одлука во Хонда центарот во Анахајм.
Проблематичното дете доминираше во целиот меч, а мексиканскиот борец не му се закани сериозно во тие десет рунди. На крајот, судиите убедливо предсудија во корист на Пол: 99-91, 97-93 и 98-92.
„Секој свиреж е награда за мене“, рече Џејк Пол, а потоа додаде:
„Беше беспрекорно. Мислам дека мојот противник ме удри само околу десет пати“.
Чавез од многумина се смета за најсериозниот боксер против кој поранешната ѕвезда на Дизни некогаш се борела, со оглед на тоа што е поранешен шампион.
„Мислев дека ги изгубив првите пет рунди, па се обидов да го зголемам темпото во последните рунди“, нагласи Хулио Сезар Чавез и продолжи:
„Џејк е силен, боксираше добро во првите три, четири рунди. После тоа, почувствував дека е уморен. Не мислам дека е подготвен за шампионите, но е добар борец“.
Таткото на поразениот борец, Хулио Сезар Чавез Сениор, беше особено разочаран од исходот. Постариот Чавез е еден од најуспешните боксери во историјата, откако беше шампион во три категории и ги бранеше титулите 27 пати.



