АктуелноБоксПрофесионален

Дионтеј Вајлдер по триумфот по враќањето: Добивам повици за таа голема борба

Американскиот тешкаш Дионтеј Вајлдер се врати на рингот овој викенд по едногодишна пауза и го победи сонародникот Тајрел Херндон со прекин во седмата рунда на настан во Вичита.

Ова беше прво појавување на Вајлдер на рингот по минатогодишниот пораз во Саудиска Арабија кога загуби со технички нокаут во петтата рунда од Жилеј – Жанг-Бинг бенг, што беше четврти пораз во последните пет борби.

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ доби критики од боксерските експерти по настапот против Херндон, а фановите и аналитичарите изразија разочарување за она што го прикажа во рингот без оглед на победата.

Бронзениот бомбардер не е премногу загрижен за тоа, па ги претстави и своите планови по победата во мечот за враќање, признавајќи дека веќе добива повици за голема борба.

„Поставивме план за целата оваа година и ќе се држиме до него. Добивам многу повици за голема борба. Кога си тешкаш, секогаш си на една борба од шанса за титула. И сакам да продолжам понатаму“, рече Деонтеј Вајлдер и додаде:

„Сè уште имам малку време да го направам тоа повторно. Продолжувам да тренирам и да работам, сакам да бидам уште подобро подготвен за следниот предизвик“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON