АктуелноКаратеПремиер лига

Минимален пораз на Берат Јакупи на премиерата на Премиер лигата

Berat i Simon

Единствениот наш каратист на отворањето на Карате 1 Премеир лигата во Париз, Франција, Берат Јакупи, загуби минимално во првото коло со 0-1 од домашниот натпреварувач Абду Лахад Сисе.

Јакупи од КК Асиарт – Гостивар настапи во категоријата до 84 килограми, каде што имаше 98 натпреврувачи, односно македонската категорија, бидејќи недостасуваа „Големиот победник“ во оваа конкуренција минатата година Симон Антиќ, Жарко Арсовски, Виктор Крстевски.

Македонските каратисти го избегнаа „Опен Париз 2016“, поради тоа што Македонската карате федерација не го вброи во критериумските натпревсари што носат бодови за пласман во репрезентацијата.

Наредниот турнир од оваа профи-лига ќе се одржи во Шарм ел Шеик, Египет, на 27 и 28 февруари.

Ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON