Кејти Тејлор и Аманда Серано го испорачаа најдобриот меч на годината, но повторно ќе се зборува за судиите! (ВИДЕО)

Во конасловната борба на спектаклот Мајк Тајсон-Џејк Пол Ирката Кејти Тејлор (24-1-0) со едногласна одлука на судиите по вистинска војна во десет рунди ја совлада Порториканката Аманда Серано (47-3-1).

Со оваа победа Кејти ги задржа светските титули и титулата апсолутен шампион во суперлесна категорија. Тоа беше нивниот втор дуел.

Пред две и пол години Кејти ја победи Аманда со поделена одлука во Медисон сквер гарден.

Но, борбата вредеше да се чека бидејќи Порториканката, без разлика на грдата исеченица на главата, го дочека последниот удар во гонгот.

На крајот сите судии (95-94 x3) и дадоа предност на шампионката, која за првпат ги одбрани сите појаси во суперлесна категорија, кои ги освои пред една година против Англичанката Шантел Камерон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON