Мајк Тајсон поразен од Џејк Пол со судиска одлука, меч кој треба да се заборави (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58 години) по пауза од 20 години се врати во професионалниот бокс и загуби од 31-година помладиот Џејк Пол. Популарниот јутјубер го победи прославениот Тајсон со едногласна одлука на судиите.

На стадионот „Ат&Т“ во Арлингтон имаше преку 80.000 гледачи кои уживаа осум рунди по две минути, а на крајот, судиите едногласно решија дека многу помладиот боксер е победник и тоа на бодови со 80-72, 79-73 и 79-73.

https://twitter.com/netflix/status/1857653425217171602

Во првите две рунди Тајсон покажа дека уште има знаење и техника како да се спротистави на многупомладиот ривал. Сепак, како поминуваше времето, очекувано беше Пол да доминира и на „кондиција да го фати“ противникот. Пол посебно доминираше во петата и шестата рунда, но Тајсон ги издржа сите напади до последната рунда.

За Пол ова беше 12 меч во професионалната кариера и стигна до 11-та победа, додека за Тајсон кој по две децении се врати во профи рингот, ова беше седми пораз во кариерата, во која има и 50 победи. Интересно е дека само неколку секунди пред да заврши осмата рунда, Пол застана и се поклони пред Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО