Ронда Раузи се враќа во УФЦ?

Поминаа речиси 7 години откако Ронда Раузи последен пат излезе на сцената на УФЦ, откако ги претрпе само двата порази од Холи Холм и Аманда Нунеш. Сепак, денеска на социјалните мрежи се појави гласина дека поранешната шампионка во бантам категорија планира камбек.

Веста доаѓа неколку недели по најавеното пензионирање на Нунеш, која ги ослободи појасите во две категории, а набргу потоа Ерин Бланкфилд и Јулијана Пења објавија дека имаат намера да се борат барем за една.

Русеј во меѓувреме изгради кариера во филмот и борењето (кечерството), иако пред тоа стана првата и најголемата женска ѕвезда во мешаните боречки вештини во светот.

36-годишната Американка секако би предизвикала сериозен метеж во спортските кругови доколку навистина реши да се врати во октагонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО