Хва ранг ИТФ е најтрофеен клуб на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“

Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид е најтрофеен клуб на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“ што с еодржа изминатиов викенд. Хва ранг ИТФ осовои 3 пехари за најдобри поединци, 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени медали.

За најдобри клубови на натпреварот се избрани:

1.Тим Србија
2.Хваранг Фист, Охрид
3.Српски Соко, Зворник, Босна и Херцеговина

На турнирот настапија 200 натпреварувачи од 24 клуба од Чешка, Хрватска, БиХ, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.

„Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор „ПН мета“, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме  натпревар од ваков калибар, а воедно и најзаслужен за одличната организација  на истиот турнир“, вели претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација Марјанчо Лазаревски и додава: „Исто така, благодарност до Општината Охрид  што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, како и до Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага. Благодарност на сите што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели“.

Лазаревски изразува благодарност до директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, кој го отвори турнирот, и до градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој и покрај силното невреме кое го зафати Охрид и сите обврски присуствуваше на Охрид опен.

„Благодарност до гостите кои специјално дојдоја за нашиот натпревар, мастер Марио Богданов носител на црн појас VIII дан, потпретседателот на ИТФ и претседател на Бугарската ИТФ федерација, кој специјално и врачи плакета на Христијана Парулеска за постигнатиот историски успех на Европското првенство во Јесоло-Италија. Мастер Емин Дураковиќ носител на црн појас VIII дан , претседател на судискиот комитет за Западна  Европа“, вели Лазаревски и подвлече:

„Организацијата беше на највисоко ниво, направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме, читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот, мастер Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО