АктуелноМеѓународна сценаММА
Конор Мек Грегор се враќа по тешката повреда на мечот против Мајкл Чендлер (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, потврди дека Конор Мек Грегор наскоро ќе се врати во октагонот, а противник ќе му биде Мајкл Чендлер.
Имено, Мек Грегор и Чендлер ќе бидат главни тренери на новата сезона на ТУФ, а на крајот ја чекаме и нивната пресметка.
Вајт наведува дека епизодите од новата сезона на Ултимејт фајтер ќе се прикажуваат секој вторник од 30 мај до 15 август на платформите ESPN и ESPN+.
Се уште не е познато кога треба да се одржи финалето на сезоната, како и борбата помеѓу Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер.
Славниот Ирец сè уште е најголемата ѕвезда на УФЦ, а е на пауза од јули 2021 година кога ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер.
View this post on Instagram



