Спектакуларен брутален нокаут во Полска (ВИДЕО)

Полскиот борач Алан Квјечињски синоќа ни го приреди еден од најспектакуларните нокаути некогаш видени на настанот ФАМЕ 17.

Во градот Краков се одржа настанот ФАМЕ 17, кој долго ќе се памети по нокаутот на локалниот борач Алан Квјечињски. Со атрактивен и брутален потег го заспа својот сонародник Максимилиан Вјевјорка.

Квјечињски со „летечки удар“ во воздух со нога го собори својот ривал. Тоа беше во раната фаза од втората рунда и момент кога победникот почувствува дека е вистинското време за напад, бидејќи Вјевјорка беше потресен и веќе на подот.

Коментаторите останаа во делириум. Викаа во неверување додека на Вјевјорка му се укажуваше помош, а слична ситуација имаше и во публиката додека гледачите со задоволство гледаа што се случува.

Така Квјечињски, кој важеше за аутсајдер на овој меч, ја прекина серијата од 4 порази. Претходно овој 31-годишник настапуваше на гала вечери како ФЕН или Армс Фајт Најт.

Од друга страна, Вјевјорка важеше за апсолутен фаворит бидејќи е актуелен ФАМЕ шампион во полутешка категорија. Беше во серија од 5 победи, но таа заврши на најспектакуларниот можен начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО