Јоноски и Митреска од Мастер се закитија со медали на „Дубровник опен“

Мастер од Охрид изминатиов викенд освоија златен и бронзен медал на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „ Дубровник опен 2022“ во Хрватска.

Медалите ги освоија :

-Михаил Јоноски – златен, форми зелен појас, јуниори 14-17 години
-Теодора Митреска – бронзен, борби – 65 кг. жени јуниори 14-17 години.

На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 држави – Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, БиХ и Македонија .

„Конкуренцијата беше голема, тоа има даде поголем мотив на нашите натпреварувачи за да постигнат успех, а полека од натпервар на натпревар покажуваат одличен напредок, а тоа има дава мотив и на помладите членови на клубот“, изјави тренерот Саша Поповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON