Леон Едвардс сака да го брани појасот на Островот, Камару Усман го прифати тој предлог: Одлична приказна

Во август, англискиот ММА борец Леон Едвардс со одличен удар во глава го нокаутира Камару Усман и ја освои титулата шампион на УФЦ во полусредна категорија.

Нема сомнеж дека Едвардс ќе го брани појасот против Усман, а тоа би можело да се случи пред неговите навивачи во Лондон.

„Нека биде Вембли, засега не сакам да се вратам во САД. Јас си ја завршив работата, отидов кај Усман, а сега тој треба да дојде на мој терен. Сега јас ги диктирам условите и тој мора да дојде кај мене“, рече Леон Едвардс и додаде:

„Реваншот би можел да се договори некаде во март следната година и да се организира на стадион, можеби и во Кардиф“.

Поранешниот шампион Камару Усман нема ништо против да настапи на Островот.

„Сакам да одам во Англија, тоа е мојот втор дом. Време е да одам таму и да ги забавувам Англичаните, нема подобра приказна, подобро не можеше да се напише. Ќе биде многу возбудливо“, подвлече Камару Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО