Сè е поверојатна трилогијата меѓу Тајсон Фјури и Дерек Чисора

Тајсон Фјури се свртува кон нов противник откако неговиот договор со Ентони Џошуа пропадна.

Кралот на Ромите неколку пати го продолжуваше рокот на Џошуа да го потпише договорот, но сега реши да продолжи понатаму и сака по секоја цена да боксира на настанот закажан за 3 декември во Кардиф.

Како потенцијални противници на шампионот на ВБЦ се пласираа неколку имиња, а меѓу нив беше и Филип Хрговиќ. Изгледа Фјури го избра Дерек Чисора како што потврди неговиот промотер Френк Ворен.

„На Фјури му беше тешко да најде противник, но на крајот успеавме – Дерек Чисора. Сега работиме да го договориме нивниот меч кој е закажан да се одигра на 3 декември. Се обидувавме да најдеме некој повисоко рангиран, но не беше лесно, бидејќи Тајсон се бори еднаш годишно. Тој инсистираше тоа да биде во декември. Го сакавме Усик, но тој тогаш не сакаше да се бори“, изјави Френк Ворен и додаде:

„Се надеваме дека Усик ќе биде достапен следната година. Тајсон сака да се бори што е можно поскоро, па затоа веќе започнавме разговори со тимот на Усик. Не сакам да го намалам квалитетот на Дерек Чисора, но по победата на Тајсон ќе гледаме голем меч против Александар Усик.

Фјури двапати се бореше со Чисора и ги доби двата меча, последен пат тоа се случи во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО