Хабиб Нурмагомедов ги пушти своите СИМ-картички на пазарот

Хабиб Нурмагомедов ги лансираше своите СИМ-картички. 32-годишниот Дагестанeц создаде свој мобилен оператор наречен „Игл мобиле“. Непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ прекина со ММА борбите кон крајот на минатата година и се сврте спрема различни бизниси.

Нурмагомедов ќе ја развива фармата за животни во Дагестан, а освен тоа си купи и ММА организација. На социјалните мрежи Хабиб го рекламира својот мобилен оператор и ги повика обожавателите да купат СИМ- картички.

Хабиб е уверен дека крилјата на „Игл мобиле“ наскоро ќе ја опфатат цела Русија.

„Светот се менува брзо, а и ние се менуваме со него! Некои работи треба да останат исти: искреност, одговорност, желба да се грижиме за најблиските и други принципи што ги споделував во текот на животот, а кои стојат во основата на мојот оператор „Eagle Mobile“.

Придружете се на нашето големо семејство и денес нарачајте ја вашата СИМ-картичка. Наскоро нашите крилја ќе ја покријат цела Русија“, напиша Нурмагомедов.

.Во следните месеци Хабиб ќе се раздели со титулата и официјално ќе ја заврши кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО