Конор му одговори на Хабиб: Врати се, ако се осмелиш

Конор Мек Грегор загуби со нокаут за прв пат во кариерата. Ирскиот ММА борец беше поразен од Американецот Дастин Пориеr на настанот УФЦ 257 во Абу Даби, со што возврати zа поразот од 2014 година. Тој беше петти пораз на Озлогласениот во кариерата и трет во УФЦ.

Сè уште актуелниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов го прокоментира дебаклот на Конор на следниов начин:

„Еве што се случува кога ќе смените тим, ќе ги оставите спаринг партнерите што ве направија шампион и кога ќе спарирате со мали деца, далеку од реалноста“.

Мек Грегор одговори на коментарот на Хабиб на прес-конференција.

„Ако сака грубо да го коментира мојот пораз, нека се врати во октагонот, ајде да одиме повторно. Таа борба проговара од него. Сакаш ли да се вратиш? Врати се ако се осмелиш“, рече Конор Мек Грегор.

Дана Вајт откри дека разговарал со Хабиб по судирот меѓу Пориер и Мек Грегор.

– Тој вели дека е неколку нивоа над борците кои беа во октагонот, ги победил сите и тие не се предизвик за него“, рече Дана Вајт и повеќе не е толку оптимист кога е во прашање можното враќање на Хабиб во борба.

Ирскиот ММА борец им се заблагодари на фановите во последната објава на социјалните мрежи.

„Ви благодарам на сите за поддршката. Не беше моја ноќ / утро, туку добра борба што може да ми помогне да одам напред. Возбуден сум за трилогијата што сега е пред мене. Дастин е одличен борец и со нетрпение очекувам да го повторам ова. Ја кревам ногата и расположението на пат кон дома. Бог да нè благослови сите“, напиша Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО