Пакијао прифаќа меч со Мек Грегор под еден услов

Мани Пакијао е подготвен да се сретне со Конор Мек Грегор во боксерски меч, но под еден услов.

Филипинската легенда во боксот сака борбата да ја промовира неговата компанија „Пак спортс и ентертејмент“.

„Основав своја компанија и сум повеќе од подготвен да им го дадам на навивачите она што го сакаат – возбудлив меч против Конор Мек Грегор, под услов преку тоа да бидам еден од промоторите на средбата. Ви благодарам и Бог да ве благослови“, рече Пакијао.

https://www.instagram.com/p/CFvceIDpNFP/?utm_source=ig_embed

Се очекува двете sвезди да ги делат промотивните права, при што Мек Грегор ќе се приклучи на неговата компанија, која го носи скоро истото име – Мек Грегор спорт и ентертејмент. Ирецот во моментов е во конфликт со УФЦ, бидејќи планира демонстративен ММА меч против Дастин Пориер во декември во неговата татковина, а и синџирот сакаше да го организира овој дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО