Неуморниот џудист Киро Здравески предложен за најпрестижната општинска награда на Прилеп „3 Ноември“

Радио Пела го предлага џудистот Киро Здравески за најпрестижната награда на Општина Прилеп „3 Ноември“.

Од радиото наведуваат повеќе аргументи заради кои Здравески треба да ја добие престижната општинска награда.

Здравески е опишан како вљубеник во џудото – иницијатор на првото Државно првенство за ветерани во џудо во историјата на Македонија. Човек кој ви дава верба дека годините не се пречка, туку се само изговор. Лик кој ќе ве охрабри, ќе ве бодри, ќе ви даде доверба и ќе ви помогне да ги совладате тешкотиите, но и да ги научите вештините и техниките на еден од најплеменитите боречки вештини – џудото.

Неговото учество во ЏК Сеишин – Прилеп само ја надоплнува сликата дека искуството споено со младоста може да создаде врвни спортисти и добри, племенити луѓе и граѓани. Денес,тој е постојано со младите и се наоѓа секојдневно на трнинг, на Могилата на непобедените, учејќи ги најмладите за здравиот спортски дух.

Киро Здравески, има 69 годин и се уште активно им ги пренесува џудо вештините на помладите. Тој е поборник на идејата дека џудото овозможува одличен физички и психички развој на човекот. За време на карантинот, преку отворената прогрма на Радио Пела, #SediDomaSoRadioPela прикажа многу вежби преку Скајп, со цел да го одржи спортскиот дух и да ги потикне младите да продолжат со одржување на нивната психофизичка кондиција.

Тој е човекот кој го иницира првото во историјата на Македонија, Државно првенство за ветерани во џудо, кое се одржа април минатата година, со што ги врати македонските џудо ветерани, поранешни шампиони, актуелни тренери и долгогодишни вљубеници во џудото на татамите.

И, тука не застана во намерта да го развива овој спорт. Како претседател на Иницијативниот одбор на џудо ветераните, Киро Здравески, остври средба со амбасадорката Кеико Ханеда од Јапонија, притоа пренесувајќи и колку оваа боречка вештина се применува во Прилеп, во Македонија, договарајќи за одржување на бројни семинари во Македонија на кои би присуствувале јапонски стручни лица по џудо.

Да потсетиме дека Киро Здравески (1951 г.) почнал да тренира џудо од 1969 година во ЏК Прилеп. Од оправдани причини по една година прекинува. Во 1977 година на Државното првенство во Гостивар во категорија до 60 кг станува државен првак и џудо репрзентативец. Својата натпреварувачка кариера ја завршува 1984 година.

Од силната љубов кон спортот пред неколку години повторно се враќа во џудото и како претседател на Одборот на ветерани уште акитвно учествува на бројни семинари, учејќи ги новитетите за едукација на млади џудисти. Тој е  пример дека џудото се вежба од 7 до 77 години, односно дека токму оваа боречка вештина не е само спорт, туку и начин на живот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО