Нова промена на датумот: Фјури и Вајлдер може и порано да се соочат поради американскиот фудбал

Датумот за трилогија меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер повторно се смени, иако никогаш немало ништо официјално.

Првично, Фјури требаше да ја брани титулата против Вајлдер во јули, но пандемијата на коронавирусот го одложи мечот за 3 октомври. Одложувањето на работите повторно го смени фокусот на 19 декември, но според Боб Арум, тој датум нема да биде.

Новиот фудбалски стадион во Лас Вегас останува посакуваното место за борбената арена, но причината што ќе ја префрли борбата во претходна или подоцнежна фаза е распоредот на колеџ американскиот фудбал.

Двете најголеми американски телевизии, ФОКС и ЕСПН, веќе постигнаа договор со колеџ тимовите и федерациите, кои имаат намера да одржат неколку важни средби на овој датум.

Ова ќе биде сериозен проблем за љубителите на спортот во странство, кои ќе треба да платат сериозна сума за третиот меч меѓу Британцот и Американцот.

„Нема да биде 19 декември, бидејќи тогаш се закажани пет важни натпревари на колеџ фудбалот, а има и две средби во НФЛ“, изјави Арум за ЕСПН.

„Заедно со „Премиер бокс чемпионс“ разгледуваме други датуми, затоа што тоа бевме посоветувани од нашите ТВ партнери“, додаде промоторот на Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО