Комплетиран Глори 76: Бадр Хари го предводи настанот

Откако кик бокс организацијата Глори најави враќање кон средината на месецот, компанијата ја објави целата борбена картичка за претстојниот настан  Глори 76.

Покрај првично најавениот меч меѓу Бадр Хари – Бенјамин Адегбај и Седрик Дамбе – Муртел Гроенхарт, љубителите на кикбоксот ширум светот ќе можат да уживаат во уште четири судири.

Гала вечерта е закажана за 7 ноември и ќе се одржи во ТВ студио во Холандија, а настанот ќе се одржи без публика.

Глори 76:
Бадр Хари – Бенџамин Адегбај (тешка категорија)
Победник во полуфиналето А – Победник во полуфиналето Б (тешка категорија)
Седрик Дамбе – Муртел Гроенхарт (во полутешка категорија)
Полуфинале Б: Антонио Плазибат – Нордин Махиедин (тешка)
Полуфинале А: Аркадиуш Вросек – Леви Ригтерс (тешка)

Воведна борба
Јос ван Белсен – Дамиен Јохансен (лесна категорија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО