„7 Мај Златна рака“ е шампион на Македонија во женско борење

„7 Мај Златна рака“ и официјално е шампион на Македонија во женско борење.

Ова е потврдено на редовно Собрание на Боречката федерација на РС Македонија и потврдување на официјалните резултати на натпреварувачката сезона 2023 година.

Прилепскиот боречки клуб „7 ми Мај Златна рака“ го освои првото место во женско борење во конкуренција на 10 клубови со убедливи 212 поени пред второпласираниот Вардар 1961 со 112 поени и третопласираната екипа на Бучим шампиони од Конче со 91 поен.

„Пред почетокот на натпреварувачката сезона имавме ветување дека прилепските девојки од петни жили ќе се борат и ќе ја вратат титулата првак на Македонија во Прилеп, која минатата година со многу тесна разлика беше одземена. После една година титулата шампион на Македонија се враќа во Прилеп. Честитки до девојките и најзаслужните за овај успех, тренерите Илчо Маркоски, Стојанче Тушески, Филип Јованоски,Теодора Димеска и Елена Најдоска“, изјави секретарот на БК „7 Мај Златна рака“ Душко Стојаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО