БК Олимпија со остри критики за состојбата во борењето

Боречкиот клуб Олимпија од Штип во соопштението до јавноста излезе со остри критики за состојбата во борењето. Олимпија мааната ја ноаѓа во Боречката федерација на РС Македонија.    

„Боречката федерација на Македонија е деструктивна за македонското борење. Штипското борење полека но сигурно згаснува. 60 годишната традиција на успеси, спортски дух е пред колапс. Нема веќе сениорска екипа, има странци-борачи кои не можат да се вратат во матичните клубови, бидејќи се уценуваат дека ќе останат без ваучери, стипендии, подготовки настапи за репрезентација и пензионери, кои уште ги бранат боите на Балканец. Си прават Фејсбук реклама со државните првенства, за кои некогаш воопшто не си ни дискутираше, туку само за освоен медал од европските или светските натпревари. Сега единствената нивна цел е уништување на постоечкиот Боречки клуб Олимпија, кој е иднината на македонското борење, како и децата-пионери и кадети од БК Балканец. Па, некој ќе рече дека БК Олимпија е друг клуб. Но, не, името е продолжување на традицијата на штипското борење. Ние од БК Олимпија знаеме од каде ни се корените, кои ни биле тренери, кој не воспитувал во спортски и победнички дух и кои се нашите цели. Остануваме да стоиме цврсто и обединето и ќе го вратиме вистинскиот дух на македонското борење“, велат од БК Олимпија.

Да потсетиме дека Олимпија е суспендирана од БФРСМ по инцидентот во Скопје со Лирија. Борачите на клубот не може да настапуваат на домашните натпреварувања, па така најперспетивната борачка Андреа Нисева настапува и за Бугарија, при што неодамна на Европското првенство во У-15 во Капошвар, Унгарија, освои бронзен медал.

(Овој став го изразува личното мислење на авторoт/ клубот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО