И Конор Мек Грегор се осврна на мечот меѓу Миочиќ и Џонс: Стипе го има тоа

Стипе Миочиќ во ноември повторно ќе се обиде да стигне до тронот на најголемата светска ММА организација.

Американско-хрватскиот борец ќе се соочи со шампионот Џон Џонс на настанот УФЦ 295 во Медисон сквер гарден и ќе се обиде да му го одземе појасот.

Најголемата ѕвезда на УФЦ Конор Мек Грегор најави дека борбата меѓу Миочиќ и Џонс ќе биде голема борба.

„Џонс се докажа во тешка категорија, а за Стипе велат дека е еден од најголемите тешкаши на сите времиња, тоа ќе биде одличен меч“, изјави Конор Мек Грегор и додаде:

„Навистина сум љубопитен дали Стипе тренираше во оваа долга пауза. Сигурно има многу вештини за да му наштети на Џонс“.

Пожарникарот од Кливленд последната борба ја имаше во март 2021 година кога загуби со нокаут во втората рунда од Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО