Кој се срами од освојувачите на медали од Европското превснтво?!

Osvojuvaci na medali vo asm

Инкогнито прием на освојувачите на медали од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, приреди Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Да потсетиме дека Вероника Костовска го освои златниот медал, Петар Заборски сребрениот, а Моника Пендаровска и Сара Радичевска се закитија со бронзени медали.

Најуспешна нација на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, беше Франција со вкупно освоени 19 медали (7 златни-5 сребрени – 7 бронзени), а Македонија е на деветото место со четири освоени медали (1-1-3).

Makedonija site vo Cirih

Заслужуваат ли момчињата и девојките официјалниот преим на КФМ да биде без присуство на јавноста?! Ако не се срамевме кога ги освојуваа медалите, нема потреба ниту сега да се срами(ме)те.

Тие заслужуваат јавност, бидејќи дадоа се од себе и на Македонија и донесоа четири медали. Ако се криеме од нивните успеси, како тогаш да ги мотивираме за идните настапи. Медиумите не се против нив, туку секогаш се за нив.

Нема потреба од некои татктички надмудрувања заради нечиј каприц, бидејќи ова е еден од најмасовните спортови кај нас, но и најуспешен. И така малиот медиумски простор што го добивате се трудите уште повеќе да го намалите. А, логиката вели дека треба се повеќе да добивате простор во јавните гласила.

Верувам дека и освојувачите на медалите и нивните репрезентативни тренери сакаат да се пофалат со нивните успеси, како и клупските тренери.

Да се надеваме дека ова беше само „мала заборавеност“.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО