Кумите и ката тимот се седми во Европа

Македонските тимови во кумите и кати се седмопласирани на Европското карате првенство за сениори во Задар, Хрватска. 

Машкиот кумите тим беше на чекор до борба за бронзата, но во пресметката со Украина загубивме 0-3. Најнеизвесна борба имаше Петар Спасеновски кој загуби 2-3 (0-1 и 1-1 обостран поен во иста акција, 2-1, 2-2, 2-3).

Емил Павлов стартуваше прв и беше поразен со 3-9 (0-1, 0-2, 1-4 обостран поен, 2-4, 3-6 об., 3-9), но беше огромна разликата во висина и во тежина.

Витомир Трајковски загуби 1-4 (0-3, 0-4, 1-4), се обиде да извлече поволен резултат, но противникот вешто ја чуваше предноста, а на крајот и го повреди нашиот репрезентативец.

Може да се каже дека тимовите и во борби и во кати имаа забележителен настап. Дискутабилно е како женскиот тим загуби 2-3 од Франција.

Ката тимот извојува една победа, потоа наиде на посилни противници, прво против Турција, а во репасажот со Азербејџан.

Да потсетиме дека утре Михаела Мишовска (-50 кг) ќе се бори во финалето со Хрватката Ема Сгардели, а Петар Заборски за бронзата против Тијаго Дуарте од Португалија.

На ЕП настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Резултати – Европско првенство:

Женски кумите тим
Македонија – Украина 2-0
Македонија – Франција 2-3

Машки кумите тим
Македонија – Германија 2-2
Македонија – Србија 3-1
Македонија – Италија 0-3
Репасаж
Македонија – Украина 0-3

Ката тим (Бајовски, Спасовски, Стојаноски)
Македонија – Австрија 37,00–36,20
Македонија – Турција  36,30-40,20
Репасаж
Македонија – Азербејџан 37,70-40,40

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО