Бесарт Мемети го освои второтo златo за Македонија на Балканското карате првенство

Бесарт Мемети го освои вториот златен медал за Македонија на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Љубљана, Словенија. Мемети во финалето го победи Сафа Јилмаз Мухамед од Турција со 7-6.

Со второто злато на Бесарт Македонија освои вкупно 7 медали – 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Витомир Трајковски прв го скрши мразот, пред некој час го освои првото злато за Македонија, а Стефан Стојановиќ се закити со бронза.

Да потсетиме дека вчера медали освоија Цветан Маргаритов (-57 кг кадети) сребро, Сара Дука (-48 кг, јуниори), Или Билали (-68 кг, јуниори) – сребро и Драгана Ефтимовска (-61 кг, кадети) бронза.

Кадетскиот кумите тим жени е петти, кој во борбата за бронзениот медал загуби од Хрватска 1-2. Дарко Делевски и Лориана Рамо се петти во У-21.

Резултати Балканско првенство:

Јуниори
-55 кг
Бесарт Мемети – Марко Ѓуригиќ (Србија) 11-6
Бесарт Мемети – Емир Халиловиќ (БиХ) 6-0
Бесарт Мемети – Батухан Бајир (Турција) 7-0
Финале
Бесарт Мемети – Сафа Јилмаз Мухамед (Турција) 7-6

У-21
-84 кг
Витомир Трајковски – Огњен Живковиќ (Србија) 7-1
Витомир Трајковски – Иван Хузаниќ (Хрватска) 9-0
Витомир Трајковски – Кемал Незириќ (БиХ) 2-1
Витомир Трајковски – Махир Џухо (БиХ) 1-0
Финале
Витомир Трајковски – Михајло Василиќ (Србија) 3-1

+ 84 кг
Стефан Стојановиќ – Фуркан Кадир Генџ (Турција) 2-1
Стефан Стојановиќ – Мухамед Спахиќ (БиХ) 2-0
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Немања Јововиќ (Црна Гора) 1-2
За бронза
Стефан Стојановиќ – Антон Баждариќ (Хрватска) 4-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО