Сребро за Цветан Маргаритов бронза Сара Дука на Балканското карате првенство

Во досегашниот дел на Балканското карате првенство во Љубљана, Совенија, македонските каратисти освоија еден сребрен и еден бронзен медал.

Сребрен медал освои Цветан Маргаритов во борби во категоријата до 57 килограми во кадетска конкуренција. Маргаритов во финалето беше поразен од Ведат Мујиќ од Босна и Херцеговина со 1-4.

Претходно Цветан забележа 4 победа против каратисти од Грција 5-0, БиХ 2-1, БиХ 5-0 и Романија 1-1.

Сара Дука (-48 кг) се закити зо бронза во јуниорска конкуренција. Дума забележа две победи со изјаснување против каратистки од Турција и Грција при резултат 0-0, а загуби 0-6 од преставничка на Турција. Во борбата за бронза Дука губеше 1-7 од Катарина Симиќ од Србија, но, веројатно имало елиминација.

Јована Манчевска имаше најдобар пласман во натпреварите во кати. Таа во У-21 го освои петтото место.

Резултати – Балканско првенство:
-57 кг
Цветан Маргаритов – Анастасиос Пулијасис (Грција) 5-0
Цветан Маргаритов – Исмаил Дидиќ (БиХ) 2-1
Цветан Маргаритов – Ахмед Буснов (БиХ) 5-0
Цветан Маргаритов – Александре Меагу-Бразан (Романија) 1-1
Финале
Цветан Маргаритов – Ведад Мујиќ (БиХ) 1-4

-48 кг
Сара Дука – Елиф Еџе Ејсал (Турција) 0-0
Сара Дука – Теона регкли (Грција) 0-0
Сара Дука – Ирем Гокче (Турција) 0-6
За бронза
Сара Дука – Катарина Симиќ (Србија) 1-7

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО