Кик бокс репрезентација отпатува на Светското првенство во Португалија по злато

Македонската кик бокс репрезентација отпатува на ВАКО Светското кик бокс првенство кое ќе се одржи 17-26 ноември во Албуфеира, Португалија.

Репрезентацијата предводена од претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко, со тренерот Драган Атанасовски е во состав: Бобан Илиоски, Андреа Костовска и Климент Грозданоски.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

„Репрезентацијата е комплетно подготвена. Нашата цел е веќе поставена – атакуваме на светско злато.

Поткрепени сме енергетски со светски познатиот пијалак „Прајм“ и одиме да собереме светски медали ”- изјави претседателот Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО