Михаела Мишовска освои бронза на Балканското карате првенство – осми медал за Македонија

Михаела Мишовска го заокружи денешниот ден за македонската карате репрезентација на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Љубљана, Словенија, со бронза, односно 8 медал за Македонија – 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

Денес Бесарт Мемети (-55 кг, јуниори) и Витомир Трајковски (-84 кг, У-21) се закитија со златни медали, а Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) освои бронза.

Да потсетиме дека вчера медали освоија Цветан Маргаритов (-57 кг кадети) сребро, Сара Дука (-48 кг, јуниори), Или Билали (-68 кг, јуниори) – сребро и Драгана Ефтимовска (-61 кг, кадети) бронза.

Резултати Балканско првенство:

У-21
-50 кг
Михаела Мишовска – Елмедина Хрбат (БиХ) 8-1
Михаела Мишовска – Рабија Џалеис (Турција) 7-5
Михаела Мишовска – Тамара Грчиќ (Србија) 3-4
За бронза
Михаела Мишовска – Зејнеп Акаја (Турција) 4-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО