Витомир Трајковски е шампион на Балканот, бронза за Стефан Стојановиќ, Бесрат Мемети е во финале

Витомир Трајковски го освои златен медал на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Љубљана, Словенија. Тоа е прво злато за Македонија на Балканското првенство. Стефан Стојановиќ се закити со бронза. Македонија досега освои 6 медали – 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени.

Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3-1 против Михајло Василиќ од Србија.

Ова е нов успех на Витомир по бронзениот медал на Светски игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија.

Стефан Стојановиќ во борбата за бронзата славеше против Хрватот Антон Баждариќ со 4-1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна Гора со 1-2.

Тешкашите на Макпетрол и овој пат покажаа дека се столб на македонската репрезентација.

Да потсетиме, вчера медали освоија Цветан Маргаритов (-57 кг кадети) сребро, Сара Дука (-48 кг, јуниори), Или Билали (-68 кг, јуниори) – сребро и Драгана Ефтимовска (-61 кг, кадети) бронза.

Кадетскиот кумите тим жени е петти, кој во борбата за бронзениот медал загуби од Хрватска 1-2. Дарко Делевски и Лориана Рамо се петти во У-21.

Резултати Балканско првенство:

У-21

-84 кг
Витомир Трајковски – Огњен Живковиќ (Србија) 7-1
Витомир Трајковски – Иван Хузаниќ (Хрватска) 9-0
Витомир Трајковски – Кемал Незириќ (БиХ) 2-1
Витомир Трајковски – Махир Џухо (БиХ) 1-0
Финале
Витомир Трајковски – Михајло Василиќ (Србија) 3-1

+ 84 кг
Стефан Стојановиќ – Фуркан Кадир Генџ (Турција) 2-1
Стефан Стојановиќ – Мухамед Спахиќ (БиХ) 2-0
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Немања Јововиќ (Црна Гора) 1-2
За бронза
Стефан Стојановиќ – Антон Баждариќ (Хрватска) 4-1

-75 кг
Дарко Делевски – Алекс Михаел (Кипар) 6-4
Дарко Делевски – Лука Јовановиќ (БиХ) 1-0
Дарко Делевски – Емре Саљиу (Црна Гора) 1-9
За бронза
Дарко Делевски – Алија Делиќ (БиХ) 4-6

-68 кг
Лориана Рамо – Јована Стојановиќ (Црна Гора) 7-4
Лориана Рамо – Ема Јуричиќ (Хравтска) 0-7
Репасаж
Лориана Рамо – Ламија Салкиќ (БиХ) 9-2
За бронза
Лориана Рамо – Марија Киријаки Кутулијари (Грција) 0-8

Јуниори

-55 кг
Бесарт Мемети – Марко Ѓуригиќ (Србија) 11-6
Бесарт Мемети – Емир Халиловиќ (БиХ) 6-0
Бесарт Мемети – Батухан Бајир (Турција) 7-0
Финале
Бесарт Мемети – Сафа Јилмаз Мухамед (Турција)

Кадетскиот кумите тим жени

Македонија – Црна Гора 1-1
Македонија – Турција 1-2
За бронза
Македонија – Хрватска 1-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО