11 медали за Шампион од Крива Паланка на ДП за деца, Јовановиќ ја одбрани титулата (ФОТО)

Карате клубот Шампион од Крива Паланка освои 11 медали – 2 златни, 5 сребрени и 4 бронзени на Државното првенство во Кавадарци за деца 10-13 година во кати и борби. Вукашин Јовановиќ ја одбрани титулата и со другарите ќе настапи за репрезентацијата на Македонија на Балканското првенство во Блеград од 27 до 29 април.

Државни прваци во борби
-Вукашин Јовановиќ – борби -37 кг
-Владимир Максимовски – борби +55 кг

Второ место
-Леа Стојковска – борби – 50 кг
-Давид Михаиловски -борби +50 кг
-Ерика Стевановска – борби -34 кг
-Теодор Павловски – борби – 50 кг
-Јована Мицовска – борби – 54 кг

Трето место
-Андреј Павловски – борби -47 кг
-Андреј Јакимовски – борби +50 кг
-Теа Михаиловска – борби +50 кг
-Филип Димитриевски -борби -45 кг

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО