Само непознат Романец го нокаутирал Ентони Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа е број еден боксер во светот по победата над Џозеф Паркер во Кардиф и држи четири светски титули во тешка категорија. 

За да биде апсолутен светски шампион му недостасува појасот од ВБЦ кој е во сопственост на Дионтеј Вајлдер. Британецот има скор 21-0, а 20 победи се со нокаут.

Но и Џошуа ја има почувстувано горчината на поразот, и тоа со нокаут. Во 2011 година на Европското првенство во Турција го нокаутирал Романецот Михаи Нистор. Ама, тоа е во аматерска конкуренција.

„Мојот тренер пред борбата ми кажа: „Не грижи се, Џошуа е голем, но брзо ќе падне ако го погодиш како што треба“. Немав поим кој е и што ќе стане од него. Беше добар боксер, одлично се движеше во рингот и имаше силен удар. Ете, јас го победив во 2011 година, но кратко потоа тој стана олимписки шампион“, изјави Нистор за „Би-Би-Си“.

Џошуа во аматерскиот бокс има освоено сребро на Светско првенство и злато на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Што се однесува до Романецот Нистор, тој и натаму се бори во аматерскиот ринг и нема поголеми успеси во кариерата.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО