Дана Вајт: Никогаш повеќе нема да ја организираме средбата Хабиб – Фергусон

Настана психоделична ситуација откако Тони Фергусон се повреди на смешен начин и се повлече од УФЦ 223. Така 4-тиот обид да ја организираат борбата меѓу овие двајца борци пропадна. Сега Хабиб Нурмагомедовб ќе се бори со Макс Холовеј за титулата во лесна категорија.

Дана Вајт остро регаираше и категорично пресече.

„Никогаш повеќе нема да ја организираме оваа борба. Ќе му ја одземеме привремената титула на Фрегусон, а битката ќе биде за титулата, кој победи ќе биде вистински шампион во лесна категорија. Штом Хабиб и Макс влезат во октагонот и почнат да се борат, тоа ќе биде за неприкосновента титула и кој победи е шампион.

Конор сака да се бори во септември и најверојатно ќе се бори против победникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО