10 медали за Шкупи и Куштрими од „Катана опен 2016“ во Гњилане

skupi-vo-gjilane-2016

Карате клубовите Шкупи и Куштрими есенската сеозна ја отворија со 10 медали.

На традиционалниот турнир „Катана опен 2016„ во Гњилане, Косово, каде што учествуваа околу 400 натпреварувачи од 4 балкански држави, натпреварувачите на Куштрими и Шкупи вкупно освоија 10 медали. Куштрими освои 4 медали – 2 сребрени и 2 бронзени, а  Шкупи 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени.

kustrimi-gjilane-2016

Златниот медал за Шкупи го освои Аида Ајдини во категоријата за деца до 8 години во  кумите.

И Рудина Алиу и Ѓејлан Јахии од Куштрими имаа добар настап и се закитија со сребро во категоријата 12/13 години, жени. Имајќи ги во предвид неодамнешните поплави во Ченто дирекно влијаеа на условите за тренинзи.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО