Давид Крстески најголемо изнандување во 19 медалисти на Хва ранг ИТФ на „Добој опен“

hva-rang-itf-site-vo-doboj-2016

Најглемото изненадување на Меѓународниот таеквнодо турнир „Добој опен 2016“, Босна и Херцеговина, во редовите на Хва ранг ИТФ го направи Давид Крстески кој во својата категорија деца до 10 години -30 кг, го освои првото место со 4 победи во конкуренција на 20 натпреварувачи.

david-krsteski-hva-rang-itf

„Крстевски покажа врвна техника и неверојатна храброст за неговата возраст, со што ги воодушеви сите тренери и мајстори кои во него гледаат голем потенцијал и можен светски шампион“, вели неговиот тренер Марјанчо Лазаревски.

Инаку натпреварувачите на ТКД Хва ранг ИТФ од Лескоец –Охрид освоија 15 медали – 2 златни, 6 сребрени и 7 бронзени, во конкуренција на натпреварувачи од 25 клубови од 8 земји (Словенија, Австрија, Србија, БиХ, Унгарија, Романија, Хрватска и Македонија).

Покрај Крстески, одлично се покажале и Антонио Јанески, Христијан Митрески, Тамара Вељаноска, Ангела Јовческа и Александар Јованоски, кои се закитија со сребрени медали.

hva-rang-itf-na-piedestal-vodoboj-2016

Освојувачи на медали:

Крстесеки Давид – златен медал, борби, пионери -30 кг

Ангела Јовческа –златен медал, форми, сениори црн појас први дан, сребрен медал борби женски сениори -51 кг

Тамара Вељаноска – сребрен медал борби – кадети -55кг, сребрен медал форми кадети црвен појас

Јанески Антонио – сребрен медал , борби – кадети -45 кг

Митрески Христијан –среберен медал , борби – кадети +60 кг

Јованоски Александар –сребрен медал, борби – јуниори -69 кг

Крстески Марио –бронзен медал, борби – кадети  -35 кг

Јанеска Елена –бронзен медал, форми, кадети, жолт појас

Велковски Давид –бронзен медал, форми, кадети, зелен појас

Димитриевиќ Божидар –бронзен медал, борби -кадети  +60 кг

Трифуноски Филип- бронзен медал, борби – кадети -55 кг

Грозданоски Климент-бронзен медал, борби – сениори +85 кг

Филип Јосифоски-бронзен медал, форми, сениори црн појас први дан .

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО