Филип Божиновски: Велешани да ни дадат поддршка – станува збор за Македонија!

filip-bozinovski-profil

Филип Божиновски во Велес на ММА турнирот „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе ја брани честа на битослката школа. Тој ќе се сретне со Иван Палавара од Босна и Херцеговина.

filip-bozinovski-so-pece

„Заедно со мојата екипа работиме напорно за да го дадам својот максимум и да извојувам нова победа“, вели Божиновски.

За противникот вели дека не знае многу, но дека гледал некои негови борби поставени на Јутјуб. Филип истакнува дека станува збор за млад противник со солидно искуство, тој ќе дадам се од себе да го победи.

На велешката публика и порачува:

„На сите борци ќе ни биде од големо значење да влеземе помотивирани и да прикажеме што подобри борби. Ги покануваме љубителите на боречките вештини да дојдат да ни дадат поддршка, зашто, сепак, станува збор за Македонија“.

ММА турнир „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 19 часот.

Организаторот иам посебни награди за најдобриот борец на вечерта и за најборбениот пар.

Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:

-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)

-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)

-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)

-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)

-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)

-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зраубица (ЦГ)

-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Стефан Манчиќ (СРБ)

-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)

-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)

Турнирот годинава ќе биде посветен на припадниците на безбедносните сили кои загинаа во Куманово во „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО