Зулузињо загуби со брутален нокаут, за две недели го чека Бомбардерот (ВИДЕО)

Бразилскиот ММА борец, Зулузињо кој е активен и во 44-та  година во овие спортови, доживеа дебакл на турнирот АМЦ Фајт најтс во Москва.

Тој се бореше против Белорусинот Петр Романкиевич, а иаа крајот падна како „покосен“.

Зулузињо го имаше на подот Романкиевич, но рускиот судија одлучи да ги крене двата борци, потег кој е необјаснив во ваквиот вид на борење.

Само неколку секунди потоа, Белорусинот му зададе неколку „кобни“ удари на Бразилецот кој што падна во несвест.

Погледнете како изгледаше тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО