Зоран Пејов: Семинарот во Бујановац помина во фантастична атмосфера на големо задоволство на сите учесници

Вчера во Бујановац, се одржа карате до семинар и куп натпревар (Куп на Бујановац) во организација на Младинскиот карате клуб БСК Бујановац и Српската традиционална карате до федерација, а главен иснтруктор беше нашиот реномиран карате мајстор Зоран Пејов.

На семинарот учествуваа околу 100 каратисти.

„Во салата имаше и доста публика, што покажува дека тоа беше еден од најголемите настани викендот и беше медиумски целосно покриен“, вели Пејов, истакнувајќи дека семинарот поминал во одлична атмосфера.

„Се работеа техники од кихон, ката и кумите. Сите присутни покажаа завидно техничко ниво и одличен борбен дух. Се објаснуваа базичните техники како и нивно унапредување. На семинарот беа покажани и демонстрирани доста тајни техники од изворното карате до, а демонстрацијата сите беа воодушевени.

Семинарот помина речиси во еден здив и навистина сите учесници беа претопени во една целина, што покажува дека навистина го допревме духот на карате до“, нагласува Пејов и додава:

„Можам да кажам дека семинарот помина во една фантастична атмосфера на големо задоволство на сите учесници, како и на публиката, која на крајот го поздрави со огромен аплауз.

Можам да кажам дека ова беше еден од најдобро организираните семинари во мојата кариера и сето тоа благодарение на домаќинот и главниот организатор сенсеи Владан Милосављевиќ во соработка со првиот човек на Српската традиционална карате до федерација сенсеи Зоран Јаковљевиќ“.

Сенсеи Пејов изразува голема благодарност за укажаната чест и внимание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО