Злато за Филип Стаменов, сребра за Дамјан Трајковски и Мила Рељиќ на „Софија опен 2020“

Успешен ден на македонските таеквондисти на на Меѓународниот таеквондо турнир „Софија опен 2020“ од серијата Г-1 во Софија, Бугарија. Освоени се три медали, златен за Филип Стаменов и сребрени за Дамјан Трајковски и Мијлана Рељиќ.

Филип Стаменов од ТК Буте златниот медал го освои во јуниорска конкуренција во категоријата до 78 килограми откако го совлада Вук Матиќ од Србија со 9-5.

Дамјан Трајковски (+78 кг) од ТК Кобра се закити со сребро исто така во јуниорска конкуренција. Тој до финалето беше подобар од Бугаринот Кристијан Златев 6-3 и Јован Милутиновиќ од Србија 6-4, а во финалето загуби минимално од Марко Лазиќ од Србија 8-9. И Милјана Рељиќ од ТК Тигри во категорија до 68 кг освои сребро во јуниори. Таа во полуфиналето ја совлада Зорана Сандиќ од Босна и Херцеговина 10-6, а во финалето загуби од Чахаразед Бугхара од Финска 10-12.

И сениорите ќе атакуваат на медали. Утре за медал ќе се борат Дејан Георгиевски, Филип Додевски, Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ, Дарко Тарчуговски и Марко Аврамовски.

Турнир со силна конкуренција со над 1000 натпреварувачи од целиот свет.

Резултати

-78 кг

Финале

Филип Стаменов – Вук Матиќ (Србија) со 9-5.

+78 кг

Дамјан Трајковски – Кристијан Златев (Бугарија) 6-3

Дамјан Трајковски – Јован Милутиновиќ (Србија) 6-4

Финале

Дамјан Трајковски – Марко Лазиќ (Србија) 8-9.

-68 кг

Милјана Рељиќ – Зорана Сандиќ (Босна и Херцеговина) 10-6

Финале

Милјана Рељиќ – Чахаразед Бугхара (Финска 10-12)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО