Урим Саити против Џевад Потурак на КОК во Битола, Димосвки се бори за светската титула, настапуваат и Ивановски, Цветков, Ашкилов, Османоски, Бубевски

На големиот кик бокс настан во Битола на реномираната литванска промоција Кинг од Кингс (КОК) потврдена фајт-картата и покрај борбата на Александар Димовски – Димса за светската титула во тешка категорија против Гркот  Михаил Карамускетас во регионот владееше голем интерес со кого ќе судри еден од најдобрите профи кикбоксери во регионот, Џевад Потурак. Решена е и таа мистерија, Босанецот ќе се соочи со нашиот Урим Саити.

Тука се уште Бени Османоски,кој ќе се бори со Јулијан Мала, Мики Ивановски со Милош Вуловиќ од Црна Гора, Мите Ашкилов со Карсимир Сулев од Бугарија, Стојанче Цветков кој се враќа по подолга пауза ќе се сретне со Гиорге Миниарис од Грција, како и домашните борци Никола Бубевски против Михајло Чулафиќ од Црна Гора, Дејан Димовски со Спирос Френциос…   

Во игра за овој настан беше и Даниел Стфановски, но, засега, немаше конкретен договор. На програмата треба да има уште неколку борби, а од нив една до две во ММА.

Ова е добра најава спорстката сала „Боро Чурлевски“ да биде исполнета до последното место.

КОК Битола:

Александар Димовски  Михаил Карамускетас (Грција)

Џевад Потурак (БиХ) – Урим Саити

Бени Османоски – Јулијан Мала (Албанија)

Мики Ивановски – Милош Вуловиќ (Црна Гора)

Мите Ашкилов – Карсимир Сулев (Бугарија)

Стојанче Цветков – Гиорге Миниарис (Грција)

Никола Бубевски – Михајло Чулафиќ (Црна Гора)

Дејан Димовски – Спирос Френциос (Грција).   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО