Адесања во досадна борба ја одбрани титулата против Ромеро, Вејли Жанг убедлива (ВИДЕО)

Израел Адесања (19-0, 8-0 УФЦ) прв пат ја одбрани титулата на УФЦ во средна категорија.

Во слабиот меч на УФЦ 248 во Лас Вегас, тој го победи Јоел Ромеро (13-5, 9-4 УФЦ) со едногласна одлука – (48-47, 48-47, 49-46).

Првите две рунди се одвиваа во претпазлива борба на нозе. Првиот значаен удар го погоди Ромеро со лево кроше. Тој беше подобар во стој до крајот на втората рунда, но останува нејасно зошто кога имаше шанса, како сребрен олимписки борач, не одеше да го сруши Нигериецот, кој дојде од кик боксот.

И во третата рунда гледавме возбудлив кик бокс меч во кој шампионот беше малку поефикасен.

Освен неколку силни ниски удари на Адесања, немаше многу возбудувања во четвртата рунда. Во средината на рундата борбата за кратко беше прекината, бидејќи Кубанецот доби прст во очи, а во продолжението два пати неуспешно се обиде да го сруши „Стилбендер“.

И последната рунда не донесе премногу акција. Ромеро беше поагресивен, погоди со лев директ, па со кроше пред крајот, и тоа беше сè.

На Кубанецот ова му е трет последователен пораз и четврти во последните пет борби.

Кинеската Ваили Жанг (21-1, 5-0 УФЦ) со поделена одлука на судиите ја совлада поранешната шампионка Јоана Једрежејчик (16-4, 10-4 УФЦ) во првата одбрана на титулата сламка категорија.

Во првиот меч од март 2018 година, Шон О’Мели (11-0, 3-0 УФЦ) по 2-минутна борба го нокаутира Мексиканецот Хозе Алберт Квинонез (8-4, 5-3 УФЦ).

УФЦ 248:

Израел Адесања – Јоел Ромеро (едногласна одлука; 48-47, 48-47, 49-46)

Вајли Жанг – Јоана Једержејчик (поделена одлука на судиите; 47-48, 48-47, 48-47)

Бенеил Дариуш – Дракар Клосе (КО, Р2)

Нил Магни – Ли Жинглианг (едногласна одлука; 30-27, 30-27, 30-27)

Алекс Оливеира – Макс Грифин (поделена одлука на судиите; 29-28, 28-29, 29-28)

Шон О’Мели – Хозе Квинонез (ТКО, Р1)

Марк Мадсен – Остин Хабард (едногласна одлука; 29-28, 29-28, 29-28)

Родолфо Виеира – Сапарбек Сафаров (завршница, давење рачен триаголник, Р1)

Џералд Мершаерт – Дерон Вин (завр5шница, давење од позади, Р3)

Гига Чикадѕе – Џамал Емерс (поделена одлука; 29-28, 28-29, 29-28)

Данаа Батгерел – Гвидо Канети (КО, Р1)

https://www.youtube.com/watch?v=LKooYHwMr-s&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?v=-Wt4usQBOBo&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО