Златниот медал на Дејан Георгиевски во олимписки спорт вреди повеќе

Сојузот на спортови на град Скопје (ССГС) денеска ги прогласи најдобрите за 2017 година, во чие рангирање европскиот шампион Дејан Георгиевски ја освои втората позиција, веднаш за најдобариот спортист сениор, Стојанче Стоилов, капитенот на ракометниот клуб Вардар, кој во годината што изминува со својата екипа ја освои европската титула.

Од Македонската таекводно федерација (МТФ) сметаат дека Дејан Георгиевски заслужува повеќе од второто место. Од МТФ истакнуваа дека единствениот златен медал во олимписки спорт освоен на Европско првенство во најтешката сениорска категорија, и тоа со само 18 година, апсолутно му дава за право на Дејан да биде спортист на годината по секоја основа.

Сепак, МТФ изразуваат благодарност до ССГС што го рангираше Георгиевски меѓу најуспешните спортисти на градот Скопје во 2017 година и се надеваат дека веќе во идната година ќе биде најдобриот спортист.

Од друга страна, изостана најважана номинација за Спортист на годината на Македонија поради бирократски процедури.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО