Амир Хан доби смртни закани заради новогодишната елка (ФОТО)

Боксерoт Амир Хан добил смртни закани за елката во својот дом. Поранешниот светски шампион, кој ја практикува муслиманската вера, на Инстаграм сподели видео од елката што ја украси за неговата тригодишна ќерка, Ламаиха.

„Додека сите спијат, тато ја украси елката. Ламаиха ќе биде среќна“, напиша Хан на социјалната мрежа, додавајќи „Божиќ“ и „Среќен Божиќ 2017“.

https://www.instagram.com/p/Bc3k_VUBFwa/

Сепак, борецот од Болтон беше бомбардиран со навредливи коментари и закани. „Сакам да ве убијам тебе и твоето семејство, Амире“, напиша негов следбеник на социјалната мрежа. „Муслиманите не го слават Божиќ“, додаде друг. „Како можеш да ја предадеш религијата на овој начин?“, праша трет.

https://www.instagram.com/p/BaFoof4BpAl/

Меѓутоа, имаше и такви кои се изјаснија во одбрана на боксерот. Многу муслимани во Британија го слават Божиќ, бидејќи Исус е препознаен како пророк во нивната религија.

Како што е познато, пред еден месец, Амир Хан се врати на својата бремена жена Фариал Макдум. Двајцата се разделија откако боксерот ја обвини сопругата дека го изневерила со светскиот шампион во супертешка категорија Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО