РК Вардар и боречките спортови доминираа во изборот на Сојузот на спортови на Скопје за 2017-тата (ФОТО)

Сојузот на спортови на град Скопје ги прогласи најдобрите за 2017 година, а во изборот доминираа Вардар и боречките спортови.

За најдобар спортист сениор е прогласен Стојанче Стоилов, капитенот на ракометниот клуб, а втор европскиот таеквондо шампион Дејан Геогргиевски. На четвртото место е Дејан Недев – традиционлано карате (1-во место во кати на СП и 3-то на сестилско СП), на осмото место е Сара Радичевска (5-та на ЕП) од КК Макпетрол и на деветото џудистаката Берна Шерифовска (5-то место на Европски куп).

Вардар енајдобра екипа за 2017 година, по освојувањето на титулата во Лигата на шампиони, СЕХА-лигата, домашното првенство и во Купот. Раул Гонзалес е најдобар тренер, а најдобар странски спортист е Арпад Штербик.

Вардар однесе уште една награда, а тоа е за најдобра женска екипа, откако ракометарките на „црвено-црните“ играа во големото финале на Лигата на шампиони.

Во категоријата најдобар млад спортист првото место го освои каратистот на Макпетрол, Петар Заборски, кој го освои првото место на Универзијадата и Светскиот куп и бронзениотр медал  од Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21. На третото место е џудистот Хамза Јашари (1-во место на Европски куп за кладети), на четвртото Мила Саздовска – традиционално карате (1-во место ЕП кумите) и на петото е борачот Аид Салихаси (1-во мето на БП – кадети).

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО