Златни медали за Егоров и Реџепи, сребро за Сејфулаху во Словачка (ФОТО)

Владимир Егоров (-61 кг) и Минир Реџепи (-57 кг) освоија златни медали на Меморијалниот турнир во борење „Јозеф Свобода“ во Батислава – Словачка. Егоров во финалето се сретна со нашиот Елмедин Сејфулаху, на кого му припадна сребрениот медал.

Владимир Егоров кој настапи во категорија до 61 кг, по убедливите победи во првите две кола се пласира во финалето и таму се бореше со нашиот Елмедин Сејфулаху од Лирија. Егоров и во финалето беше убедлив.

Натпреварите се одвиваа по американски систем, односно и со пораз натпреварувачите имаат уште борби и можат да стигнат до висок пласман.

Покрај освојувачите на медали настапија и Дејан Митров (-74 кг) кој по двете убедливи победи против борач од Австрија со туш и против Германец со технички туш во полуфиналето, во борбата за трето место минимално е поразен од борач од Германија, со што го освои петото место. Во категорија до 86 кг настапи Михаил Николов кој во првата борба е поразен од борач од Словачка, во втората победи против борач од Австрија и во третото коло е поразен од Словак.

На турнирот учествуваа борачи од 10 земји.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО