Златен медал за Ливорека, уште 2 сребрени и 5 бронзени на „Омега купот“ за македонската експедиција!

Petrovec delini na omega kup

Љотрим Ливорека освои златен медал на таеквондо турнирот „Омега куп Белград“ во Србија.

Ливорека е член на ТК Петровец, а неговите клупски другари Љатив Ибраими и Никола Џеповски освоија бронзени медали. Исто така и членовите на ТК Делини Илинден имаа успех: Стефан Миленковски беше втор, а Христијан Спасовски и Марија Пешевска трети.

TK Stip vo Belgrad

Викторија Варадинова и Дарко Рунчев од Штип, како членови ТК Штип и КБК Гладијатор, може да бидат задоволни од својот настап, затоа што Вардаинова го освои бронзениот медал, а Рунчев, како добар гостин, „не сакаше да го навреди домаќинот“ и загуби со еден поен во финалето.

На „Омега купот Белград“ учествуваа 535 натпреварувачи од 12 земји.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО