Миоки пред Пролетер и Ипон на Државното првенство во Велес

judo1

Велес вчера беше домаќин на најдобрите џудисти во Македонија. Во организација на Џудо клубот „Гемиџии“ од Велес и Џудо федерацијата на Македонија се одржа Државното поединечно првенство во џудо за сениори, кое за прв пат се организира во овој град. На првенството учестуваа 8 клуба со 61 натпреварувач, од кои 46 во машка  конкуренција, а 15 во женска.

Во ЏФМ сметаат дека ова е едно од помасовните првенства во последните 2-3 години.

Џудистите од Миоки од Скопје освоија шест први места, од Пролетер од Прилеп три, две му припаднаа на Ипон од Скопје и една титула е за Пелистер Битола.

dzudo veles

Победниците на државното првенство ќе им бидат на располагање на селекторите во соодветните категории, за престојните балкански и европски првенства.

Со формирањето на клубот „Гемиџии“ пред три години, започна процесот на враќањето на џудото, како спорт во Велес, кој има голема традиција.

Постигнати резултати по категории, сениорки:

48 кг  Арбреша Реџепи – Ипон; Ивaна Никодиноска – Миоки;

 52 кг Наталија Динова – Миоки; Кристина Јазаџиќ –Миоки;

57 кг Берна Шерифовска – Миоки; Валерија Јаковлеска – Сеишин; Ана Марија Трајческа- Пролетер;

63 кг Катерина Николоска – Миоки; Барбара Башеска – Пролетер; Наталија Ризова – Кожувчанка;

70 кг Ангела Велковска – Миоки; Анастасија Качаниклиќ – Миоки; Стефани Ивановска – Миоки сениори:

60 кг Никола Велески – Пролетер; Борче Ангелов –  пролетер; Горан Крстановски – Миоки;

66 кг Владимир Стојаноски – Пролетер; Александар Ангелов –Миоки; Александар Апостолоски –Сеишин;

 73 кг Даниел Ангелов –Миоки; Христијан Ѓураков – Сеишин; Марин Билјаноски –Миоки; Марко Паноски –Пролетер;

 81 кг Александар Фузевски – Миоки; Садик Касамовски –Ипон; Владимир Талески –Сеишин; Сулејман Лутфиу –Чегране;

 90 кг Димитријоски Александар – Пролетер; Атанас Манасиев –Вардар; Ромео Рајков – Пелистер; Димитар Николовски – Миоки;

100 кг Златко Кочевски – Пелистер; Филип макалоски –Пелистер; Јове Скрлевски –Пелистер; Кристијан Бојаџиски – Миоки;

 +100 кг Филип Јовески –Ипон; Иван Живковски –Миоки; Марко Маневски – Миоки.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО