Форца со четири каратисти освои седум медали во Цирих!

Forca i muarem

Каратистите на КК Форца од Скопје на Меѓународниот турнир во Цирин, Швајцарија, каде што учествуваа 1100 натпреварувачи од 23 држави освоија осум медали, и тоа: 2 златни, 4 сребрени и 2 бронзен.

Како што истакнува тренерот на Форца, Муарем Имери, во Цирих отпатувале четири каратисти, а освоиле седум медали.Forca devojce so medal

Арта Буши во категоријата до 35 килограми 2005 генерација во борби го освои златниот медал, а во кати го сребрениот медал, како и Јусра Адеми до 39 кг. Сухејб Весели (-32 кг) 2005 генерација во кумите се пласирал на третото место и во кати на прво, а во истата категортија, но во 2004 генарција Суејла Исаки го освои бронзениот медал.

Екипата во кати морала да се задоволи со второто место.

Forca kati

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО