БК Вардар: Засилувањето Гајдаров ветува медал од Европското првенство во Полска!

Timur Hamikoev

Боречкиот клуб Вардар минатиот месец се засили на тренерската позиција Гајдар Гајдаров, заслужен главен тренер на Русија и Република Дагестан, кој се заложил Халил Зубаиров да работи и спарингува со двјца актуелни светски прваци, Рашид Садулаев и Абдусалам Гадисов.

Гајдаров веќе ги направил контролните борби во петокот (27.02) во Центарот за борење – Урозхај. Зубаиров (86 кг слободен стил) имал три сериозни контролни мечеви кои ги добил, докажувајќи дека технички и кондиционо е добро подготвен за високи резултати, пренесува страницата Вардар вристлинг. Тој ветува медал на Европското првенство во Полска за македонските репрезентативци.

Тој ќе има уште два контролни натпревари на 6 и 13 март во Центарот, каде што тренираат и спарингуваат 60 репрезентативци на Русија, Узбекистан, Турција, Белорусија и Македонија.

Trening atmosfera na Vradar vo Dagestan

Гајдаров на турнирот „Медвед“ во Белорусија, ќе ги следи можните конкурентите и противниците на нашите репрезентативци, учесници на Европското првенство до 23 години во Полска и Европските игри во Баку.

„Стручниот штаб на БК Вардар одлучи на 7 март во Фалкенберг (Шведска), на Гранд при Елитниот турнир, да учествуваат нашите Кристијан Пешко (66 кг) и Тимур Хамикоев (85 кг)“, се потенцира на нивната ФБ страница.

Како завршница на подготовките за ЕП У23 Валбржич (ПОЛ), е посетата на СВ Германија 04 Вајнгартен на 19 и 20 март, каде што ќе бидат презентирани и тестирани репрезентативците.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО