Златен медал за Катерина Ацевска на Гранд при Џенова опен
Ацевска докажува дека припаѓа на светската елита во џиу џицу фајтинг.

Фуриозен старт во новата сезона на Катерина Ацевска освојувајќи го златниот медал на Гранд при Џенова опен во Италија во џиу џицу.
Ацевска во првото коло беше слободна, а во второто славеше со ипон против Федерика Маза од Италија, а во финалето ја совлада Каја Орзечовска од Полска со 16-7.
Ацевска докажува дека припаѓа на светската елита во џиу џицу фајтинг.
На турнирот настапија 267 натпреварувачи со 293 натпреварувачки влезови од 24 земји.
Да потсетиме, минатата година во ноември Катерина Ацевска на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, го освои прв сениорски медал за Македонија. Таа во категоријата над 70 килограми го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи го бронзениот медал на СП.
Резултати – Гранд при Џенова опен:
Катерина Ацевска – Федерика Маза (Италија) 50-0
Финале
Катерина Ацевска – Каја Орзечовска (Полска) 16-7



